Кога Јони Гетлин била во 15 недела од бременоста, докторите при ултразвук виделе некои необични течности, и уште тогаш знаеле дека нешто со нејзе не е во ред.

Кога бебето Медисон дошло на свет, изгледала различно од другите бебиња.

Докторите со тестирање утврдиле дека таа има прогресивно пореметување на растот и дека е родена со CLOVES синдромот, кој доведува до зголемување на лимфата под рацете и градите.

Иако не биле сигурни дали ќе преживее, Медисон успеала.