Направете ја најубавата бадникова погача во која внатре ќе ставите и паричка. Еве што ви е потребно:

1 килограм брашно

околу 500 мл млака вода

1 лажица сол

1 лажица пециво

За украс:

150 грама брашно

3 лажици сол

по потреба млака вода

Замесете тесто, месете го околу 5 минути и по потреба додавајте малку брашно. Нормално во тестото ставете паричка. Оставете го 15 минути и за тоа време загрејте ја рерната на 250 степени.  Ставете го потоа, во намастена тепсија и со рака обликувајте ја погачата, печете го на 40-45 минути.