Секој од градовите е оценуван во 12 различни категории - од економски раст, човечки и физички капитал до инфраструктура, институции, културолошко окружување каде највисоката оценка е 100.

Њујорк со просечна оцена 71,4 задоволува најмногу критериуми во повеќе категории како што се економски раст, финансиска зрелост, човечки капитал, социјална и културна средина. 

На второ место е Лондон со просечна оцена од 70,4 додека за финансиска зрелост има 100 поени, за социјално и културолошка средина 92,5, а за инфраструктура 83,8. Тој е најдобро пласиран европски град. 

На трето место е Сингапур со просечна оцена 70, и по него следуваат Париз и Хонг Конг со 69,3 поени. 

На шесто место е Токио со просечна оцена 68, на седмо Цирих додека на осмото и деветтото место се Вашингтон (66,1), Чикаго (65,9) и Бостон (64,5). Најдобро пласиран блискоисточен град е Дубаи кој е на 40 место. Буенос Аирес - на 60 место, е најдобро пласиран латиноамерикански град, додека Јоханесбург (67 место) е најконкурентен африкански град