Размачканата шминка, стана вистински тренд благодарение на трендот „замаглени очи“, а потоа стилистите отидоа понатаму и смислија нов тренд.

Станува збор за размачкан кармин, кој изгледа исто како и нормалниот кармин после бакнување. Новиот тренд го смислил Вал Гарланд, шминкер на многу популарни личности, кој го направил ова во соработка со МЕК козметиката. Постапката е навистина едноставна, а се што треба да направите е да нанесете кармин сосема нормално, а потоа преку него да поминете со четка за шминкање, како би го размачкале надвор од усните. Како завршница, ставете сјај и го имате изгледот „бакнеж од минатата ноќ.“