Регулаторна Комисија за енергетика вчера по две недели од последната промена на цените на горивата, ја објави новата одлука за определување на цените на нафтените деривати.

Дизелот поевтинува за половина денар, цената на бензините останува непроменета. 

Од полноќ, цените на ЕУРОСУПЕР БС 95 и ЕУРОСУПЕР БС 98 остануваат исти. 95 октанското гориво ќе чини 65,5 денари, а 98 октанското 67,5 денари еден литар.

Дизелот поевтинува за половина дена и од полноќ, неговата цена ќе биде 57,5 денари за литар.