Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ објави текст во кој поставува прашања за големиот имот на косовскиот преимер Рамуш Харадинај. Освен за необјаснетото богатство, весникот го обвинува Харадинај и за вршење притисок врз луѓето кои сакале да сведочат против него поради воени злосторства извршени за време на Косовската војна.

- Харадинај тивко ја прослави Новата година со сопругата, трите деца и внукот во Швајцарија, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во хотелот Карлтон во Сент Морис. Па пред војната, Харадинај беше исфрлувач од ноќен клуб во Романија, а сега за една ноќ го резервира царскиот апартман за 5.000 франци, додека целата прослава наводно чинела околу 80.000 франци, пишува весникот.

„Ноје Цирхер Цајтунг“ потсетува дека Харадинај си ја зголеми премиерската плата, и стана најдобро платен премиер на Балканот, што предизвика протести во Косово.