Проф. д-р Октај Ахмед ја демантираше информацијата која се рашири по македонските медиуми дека тој бил првиот пријавен на конкурсот на Министерството за здравство.

Деновиве во печатените и во електронските медиуми, како и на социјалните мрежи е актуелен конкурсот на Министерство за здравство, според кој кандидатите за советници кои ќе се ангажираат при ова Министерство треба да поседуваат сертификат од Менса за коефициент на интелигенција од најмалку 140 IQ.

 

Откако Министерството објави дека веќе еден кандидат се пријавил на конкурсот, некои медиуми го објавија наводниот сертификат од Менса на пријавениот кандидат. Во документот фигурира и моето име, меѓутоа на денот кога писмото е испратено (07 ноември 1999 година), бев само контакт-лице за кандидатите од Македонија, бидејќи бев официјалниот организатор на првото Менса тестирање во Македонија и дозволата за организирање на Менса тестирање во Македонија беше на мое име. Тоа беа резултати од првото Менса тестирање во Македонија. Подоцна, со овие кандидати кои го исполнија условот за влез во Менса, официјално и ја формирав Менса Македонија.

 

Исто така, на социјалните мрежи (Facebook и Twitter) се појавија информации дека јас сум тој пријавениот кандидат на конкурсот на Министерството за здравство. Дури имаше и линкови до мојата приватна веб страна.

Поради тоа, цело време мојот приватен мобилен телефон ѕвони и затоа бев приморан да го исклучам.

Сакам тука пред целата македонска јавност да искажам ДЕМАНТ на сето објавено во врска со моето име.

Јас сум професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ниту работам, ниту ќе работам во здравство, ниту, пак, планирам да аплицирам за било какво советничко место во било кое наше министерство.

Од друга страна, сакам да напоменам дека, иако основач, веќе две и пол години не сум член на Менса Македонија, туку во моментов сум директен член на Меѓународната Менса (Mensa International) со седиште во Лондон.

Со почит,
Проф. д-р Октај Ахмед

(Интегрален текст од реакцијата на Октај Ахмет)

ДРУГИ АКТУЕЛНИ СОДРЖИНИ:

Спасувачка драма во Скопје - го извадиле од Вардар откако се фрлил од мостот Обединети нации

ФОТО: Пристигнаа новите полициски Шкоди - еве како изгледаат

Се подготвува фракција во СДСМ и план за уривање на Црвенковски

ВИДЕО: Еве ја вистинската причина поради која ДПА сака да го запали Собранието

ВМРО-ДПМНЕ ќе освои од 49 до 56 општини на локалните избори во март

Овие луѓе се премногу паметни дури и за во кабинетот на министерот Тодоров

ФОТО: Ливче од обложувалница кое мора да го видите

Филе: Преговорите може да почнат и без решение за името

Студ со температури во минус - еве какво ќе биде времето во наредните 10 дена

ФОТО: Кој да го избања Воинот на коњ?