Вистински хорор ја потресе Македонија викендов кога во Гостивар беше пронајдена мртва жена на споредна улица.

Според последните податоци, за крвавиот настан во полиција вчера сам се пријавил 38-годишниот Б.Г. кој признал дека ја убил 27-годишната Сенада Р.

Скопјанецот бил во вонбрачна врска со неа, и од засега нејасни околности посегнал по нејзиниот живот.

Инаку, несреќната жена ја пронајде случаен минувач на споредна улица, вчера изутрина.