Есма Реџепова почина на 11 декември на 74 годишна возраст. Славната пејачка со ангелски глас и уште поубава по душа зад себе остави богат музички реперотар, но и 48 посвоени деца, меѓу кои и само една ќерка. 

Токму таа, наследничката на Есма, Елеонора Мустафовска ја отвори душата за јавноста и проговори за својта мајка. 

- Последниот пат се слушнавме кога мама беше примена во болница. После повеќе не можеше да збори бидејќи беше на интензивна нега. Последниот пар ми рече само: „ Чувај се“... Сите ние останавме изненадени од нејзината смрт. Секогаш беше здрава, поќинма две недели откако се разболе од бронхопнеумонија, со солзи во очите рекла 25-годишната Елеонора. 

Низ зборовите наследничката на Есма јасно се гледа колку и недостасува својата мајка.

- Не само што ме начи да пеам, ми помогна да ја најдам смислата за живот. Горда сум што ја имав покрај себе. Ме научи на хуманост и како едно големо срце може да внесе светлост во сечиј живот, вели Елеонора која Есма ја запознала во 2002 година, на аудицијата на која Есма ја одбирала својата музичка наследничка. 

- Меѓу многубројните девојчиња јас најмногу и се  допаднав, а во 2009 година ме посвои. Беше прекрасно да се живее во толку големо семејство, заклучува Елеонора која благодарение на нејзината мајка завршила на академијата во Скопје.