Фејсбук одлучи да ги следи сите луѓе на светот и да бележи што прават, но постои начин како да го спречите. Социјалната мрежа прилично отворено ги призна своите планови на корисниците да им прикажува реклами по нивен вкус.

Всушност, Фејсбук неодамна откри дека луѓето кои ги гледаат неговите реклами, сметаат дека тие се иритантни и досадни, а и дека планира да го смени тоа.

Но, за да го стори тоа, Фејсбук почна да следи што прават луѓето на интернет, вклучувајќи го и следењето кои сајтови ги посетуваат и што прават на нив.

Опциите на социјалната мрежа што се однесуваат на огласите ги закопа во внатрешноста на корисничките нагодувања.

Еве како да ја исклучите оваа опција:

1. Влезете на својот профил и кликнете на стрелката која покажува надоле во горниот дел од страната.

2. Пронајдете ја опцијата за нагодување (Settings).

3. Од левата страна ќе ви се појави листа опции кои вклучуваат и реклами (Ads).

4. Кликнете на таа опција и исклучете го сето она што не ви е по волја.

Пред да се израдувате, важно е да напоменеме дека тоа нема да го спречи Фејсбук да ви прикажува огласи, но повеќе нема да има дозвола да ве следи по интернет.