Кога Перо Антиќ стапна на паркетот на 30-ти октомври годинава, стана првиот Македонец којшто заиграл за тим во НБА лигата, се вели во статијата која му е посветена на македонскиот кошаркар, а е објавена во статијата atlantamagazine.com.

- Професионалната кариера Антиќ започна во Македонија кога имаше 17 години. Играше за тимови од Грција, Србија, Бугарија и Русија, а пред две  години како капитен на македонската  репрезентација го освои четвртото место на  Евробаскетот во Литванија. Со него разговаравме преку телефон пред да стигне во Атланта, велат од интернет порталот кој го направил интервјуто со Антиќ.

На прашањето зошто токму сега се приклучил во НБА и како СКопје реагирало на потпишување за Хокс, Антиќ одговара: - По два шампионати во Евролигата, сметав дека имам уште што да покажам.  Имам 31 година. Имав неколку понуди во Европа кои ми нудеа двапати повеќе  заработка отколку  во Атланта, но не сакав да дојде момент да речам дека сум можел да играм за НБА, но не сум го направил тоа поради една или друга причина. Не бегам од обврски. Работата е сега или никогаш. Атланта само што потпиша договор со два милиони обожаватели. Луѓето ми  велеа: „Конечно имаме играч во НБА. Ќе имаме причина да остануваме будни  доцна навечер“. Натпреварите се во 3 или 4 часот наутро. Ми велеа дека ќе биде  моја вина, но дека ќе уживаат во бессоните  ноќи. Претседателот на Македонија ми се јави и ми рече дека сите се пресреќни, вели кошаркорот.

Антиќ зборува и за своето детство и почетоите и истакнува дека како и на повеќето деца, така и него омилен кошаркар и идол му бил Мајкл Џордан: - Татко ми беше професионален кошаркар во Југославија 14 години. Значи сигурно бил тој. Неговите медали ни беа како играчки. Дома имавме многу баскети. Во една година пораснав цели 12 сантиметри. Имав 14 години. Сакав да бидам поуспешен од постарите деца и тогаш ме зедоа во еден од националните младински тимови.

Антиќ во интервјуто додава и дека смета дека му останале уште 4-5 добри години во кариерата.

Исто така, Перо Антиќ во интервјуто зборува и за Македонија и Македонците.

-Македонија е многу топла земја. Ги сакаме сите коишто не посетуваат. Македонија  е мала на мапата, но има големо срце, завршува Антиќ.