Петре Шилегов денеска објави победа во Скопје на првиот круг од локлните избори.

- Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните, рече Шилегов и се заблагодари на сите кои гласале за него.