Регулаторната Комисија за енергетика со нови цени на нафтените деривати.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се променува, односно остануваат на исто, ниво како што била утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 22.01.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,807 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 29,099 ден/кг.