Претставници на авиокомпанијата „Изиџет“ замолиле четворица мажи од патниците да се симнат, поради тоа што авионот не можел да полета од преголемата тежина

Авионот требал во петокот да полета од Ливерпул за Женева, јави британскиот весник „Индепендент“. Меѓу патниците биле повеќе мажи отоколку жени, па премногу тешкиот авион не можел да полета.

Пилотот им се обратил на патниците и замолил четворица доброволци да се симнат. Патниците подоцна добиле по 120 евра отштета.

За тежината на патници, авиокомпаниите обично сметаат 86 килограми по маж, 70 по жена и 35 по дете.

Во овој случај во авионот имало 135 мажи, а само 19 жени, што е многу невообичаена ситуација, наведоа претставниците од „Изиџет“.