Арнолд Шварценегер пред неколку дена беше примен во болницата „Сидар - Синај“, поради, како што првобитно се сметаше, операција на срцев залисток. Поради компликации на Терминаторот му е направена операција на отворено срце.

„Се вратив“ било првото нешто што го кажал после операцијата, а денеска се огласи и на Интаграм.

Поранешниот гувернер на Калифорнија и познатиот актер порача:

„Точно е. Се вратив. Заспав очекувајќи дека ќе се разбудам со мал рез, а се разбидив со голема лузна. Но, знаете што? Се разбудив и благодарен сум на тоа. Им благодарам на лекарите и медицинските сестри. Навистина сум им благодарен.“, напишал актерот и со оваа објава ги израдувал фановите кои велат дека пресреќни, бидејќи од оваа борба излегол како победник.