Последните зборови на некогашниот либиски диктатор Муамар Гадафи биле: „Синови мои, знаете ли што правите?“

Славниот диктатор неславно завршил во рацете на момчиња кои не биле ни родени кога Гадафи ја преземал власта над Либија. За време на своето владеење градел култ на личност каде само неговото мислење било важно.

Накратко, градел кула од карти која била одготвена на рушење веднаш штом Гадаи ќе падне.

Новинар на Си-ен-ен, Ник Робертсон се потсетил на револуцијата во 2011 година кога војник од доверба на Гададаи му рекол дека никој освен големиот водач не може да го одржи либиското единство.

Гадафи својот град го „почестил“ со болници, евтини куќи, дури и конференциски центар. Меѓутоа, по неговиот пад, новите власти го прекинале дотокот на свежи пари. Постои реална можност дека тој прекин на финансирање довел до распад на Исламската држава во родниот град на Гадафи, Сирту.

Сега, по смртта на големиот лидер се чини дека тој војник бил во право. Либија ја држел и соединувал единствено Гадафи.