На судењето на Андерс Беринг Брејвик, обвинет за минатогодишното убиство на 77 луѓе во Норвешка, денеска сведочеше работник од обезбедувањето за неговото искуство кога експлодира автомобилот пред седиштето на Владата во Осло.

Тор Инге Кристоферсен изјави дека на безбедносните камери видел како пред Владата се паркира автомобил и од него излегол човек облечен во облека која наликувала на униформите на чуварите. Но, веднаш потоа експлодирала бомбата поставена под возилото, при што загинаа осум луѓе.

- Половина екран исчезна. Се слушна страшна врева, потоа целиот блок се затресе, а од таванот паѓаа делови, истакна Кристоферсен.

И вториот сведок, инженер Свеин Олав Кристенсен зборуваше за експлозијата. Тој покажа фотографија на која се гледа двометарска дупка во асфалтот направена од бомбата.

За време на исказите на сведоците Брејвик не покажа никакви емоции. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.