Крадците успеале да влезат во телевизијата откако отвориле еден од прозорите на вториот кат на зградата. Кражбата ја забележале вработените кои дошле утрово на работа.

-И покрај тоа што ни е украдена дел од опремата ние денеска нормално ги извршувавме работните задачи и целосно ја реализиравме програмската шема. Недостатокот на украдената опрема нема да влијае на квалитетот на нашата работа.

Се надеваме дека органите на прогонот што побрзо ќе ги пронајдат крадците и ќе ни ја врата одземената опрема`, изјавил директорот на телевизијата Марјан Стошевски, пренесува Кумановонјус.

Image and video hosting by TinyPic