Ви треба ли мотивација за да престанете да пушите? Во продолжение следуваат неколку позитивни нешта за кои вреди да ги оставите цигарите:

Ви ги прикажуваме резултатите од последното истражување кое го спроведе американската компанија CVS Health за тоа што се случува во телото откако ќе престанете со пушењето – од 20 минути до 15 години.

20 до 30 минути – крвниот притисок и отчукувањето на срцето се намалуваат, а рацете и стапалата се загреваат.

8 часа – нивото на јаглен моноксид во крвта се намалува, а кислородот се зголемува.

48 часа – сетилото за мирис започнува подобро да функционира.

72 часа – бронхијалните цевки се опуштаат.

2 недели до 3 месеци – циркулацијата во телото е подобра и посилна, како и функцијата на белите дробови.

1 месец до 9 месеци – се намалува кашлицата и запушеноста на синусите, белите дробови полесно ослободуваат слуз, почисти се и помала е можноста за инфекција, телото има повеќе енергија.

1 година – ризикот од срцеви болест е двојно помал отколку кај пушачите.

5 години – ризикот од мозочен удар и добивање на рак на грлото на матката станува ист како и кај непушачите, а ризикот од рак на усната шуплина, грлото, хранопроводот и мочниот меур е двојно помал од претходно.

10 години – ризикот од рак на бели дробови е двојно помал отколку кај пушчите, а ризикот од рак на панкреас е на исто ниво како и кај непушачите.

15 години – ризикот од срцеви заболувања и смрт е подеднаков со непушачите.