Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гоназлез направи една промена во составот за дуелот со Шпанија.

Шпанскиот стратег го враќа Филип Лазаров, кој поради болки во задната ложа го прескокна мечот со Германија.

-Лазаров кој ги даде клучните голови против Словенија и Црна Гора, ќе биде на местото Никола Марковски, дознава Спортмедиа“.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра утре со почеток во 20:30 часот.