Пројата е најдоброто решение за појадок на вашето семејство, еве што ви е потребно за да го направите

Состојки: 

1/2 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1/2 чаша зејтин

1 пециво

1 чаша пченкарно брашно

1 чаша обично брашно

1 чаша јогурт

4 јајца

200 гр сирење

Подготовка: 

Се матат јајцата со солта и шеќерот, потоа се додаваат сите останати состојки да се добие компактна смеса. Ако е многу густа може да се додаде малку млеко. Се додава сирењето, се меша убаво и се сипува во намастен плех да се пече. Се пече на 220 степени околу пола сат. По ваша желба може да се додаде спанаќ, праз, маслинки, шунка.