Поранешната шефица на француската државна нуклеарна компанија Арева, Ан Ловержон, го обвини претседателот Никола Саркози дека во летото 2010 година сакал на поранешнот либиски лидер Моамер Гадафи да му продаде нуклеарен реактор, пренесоа британските медиуми.

Гадафи, кој со Либија управуваше цели 42 години, беше соборен од власта и убиен во октомври минатата година од бунтовниците, поддржани од НАТО силите.

Француските борбени авиони одиграа важна улога во воздушните напади на Алијансата.

Поранешниот извршен директор на Арева, Ан Ловержон, во интервју, објавено на сајтот на неделникот „Експрес“, изјави дека во јули 2007 година Саркози предложил да се продаде нуклеарен реактор на владата на Гадафи за десоленизација на морска вода.

Ловержон посочува дека енергично се спротивставила на предлогот.

-Државата, за која се претпоставуваше дека е одговорна, ја поддржуваше оваа лудост. Представете си како би изгледале нештата сега, ако тоа го сторевме, изјави таа.

Ловержон додаде дека во 2010 година за ова прашање таа имала и втора средба со советник на Саркози и шефот на државната енергетска компанија „Електрисите ди Франс“.

Ловержон беше сменета во јуни минатата година по 10 години минати на чело на Арева, која е водечкиот светски производител на нуклеарни реактори.

Таа го прекори Саркози дека создал клановски систем во француската нуклеарна мрежа.

-Овој систем ја штити идејата за продажба на нуклеарна опрема од ниска класа во странство и предлага да ја префрлиме нашата интелектуална сопственост на Кинезите и да продаваме нуклеарни апарати во земји, каде тоа не е разумно, изјави Ловержон.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.