Водечкиот турски актер Мурат Јилдирим неодамна во Истанбул го кажа своето судбоносно „да”. Ова за него е второ стапнување пред олтарот, а неговата нова избраничка е убавата актерка Имане Ел Бани.

Мурат, кој важи за најплатен, најпопуларен и според многу дами и најубав актер во Турција, стана популарен токму благодарение на турските сапуници.

Тој во 2014-та година се разведе од својата прва сопруга, актерката Бурчин Терзиоглу, после шест години навидум хармоничен брак.

Со тој чекор Мурат ја изненади публиката, а потоа на љубовта сепак реши да ѝ даде и втора шанса. И тоа каква!

akter

sopruga