Современиот начин на живот потполно го измени и темпото на живеење и начинот на кој извршуваме одредени работи.

Па така, ако порано капењето во када со саати било вистинско уживање, денес туширањето од 10 минути претставува вистински луксуз.
Ваквиот начин на бањање доведува до тоа некои делови од телото на кои им треба поголемо внимание да не се доволно исчистени.

Папокот
Важи за едно од највалканите места на нашето тело каде се собираат дури над 1400 бактерии.

Табани
Со тоа што ги оставаме подолго време во вода не значи дека правилно сме ги исчистиле. За да бидат убави и негувани, стапалата треба темелно да се чистат и редовно да правите пилинг.

Делот позади ушите
Овој дел никако не треба да го заборавиме доколку не сакаме да биде супер место за собирање на бактерии.

Нокти
Многу време посветуваме на правилно и темелно миење на рацето. Но, дали сте се запрашале колку време трошите на нега на вашите нокти?

Грб
Најчесто се мие делот кој може да го достигне со нашите сопствени раце. Поради тоа потребно е секогаш да користите четка за грб.