Фолк пејачот Миле Китиќ ги собрал сите свои пријатели на журка во казино, каде се пеело и пиело до зори, но потоа гостите платиле дебели парични казни поради што се бесни на фолкерот.

Тие посегнале по некоја чашка повеќе, а токму таа вечер полицијата спроведувала контрола, па запрела поголем дел од нив со возилата и ги казнила.

Изворот на српскиот Курир вели дека речиси сите кои биле на забавата биле казнети.