Изградба на марина и експресен пат Охрид Пештани се само дел од најавените проекти кои во иднина ќе се реазлиираат во главниот туристички центар а се од витално значење за развој на градот.Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид најавија дека марината која ќе се гради со најсовремена инфраструктура ќе стартува идната година и  ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти 10 бродови а ќе има и други содржини.

Изградбата на експресниот пат Охрид –Пештани ќе се гради паралелно со стариот во должина од 14,5 километри.

Од ОК потенцираа дека ВМРО ДПМНЕ е партија која на предвремените парламентарни избори ја доби довербата на граѓаните и која секогаш се стреми кон реализација на ветените проекти.