Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 декември.

Денеска е Св. пророк Софониј.

Старозаветен пророк. Живеел во седмиот век пред Христа. И тој, како и повеќето старозаветни пророци, со возбудувал во духот гледајќи ја нечесноста на еврејскиот народ. Ги прорекол бедите што подоцна паднале врз Јудеја и соседните земји, но и се радувал со духот гледајќи го идното ослободување во Христа, и во својата книга извикува: Радувај се, ќерко Сионова, ликувај Израиле, весели се и радувај се од се срце, ќерко ерусалимска. Господ, Царот Израилев, е среде тебе: нема повеќе да видиш зло.

Овој светец во христијанството претставува одлучност и истрајност, а се  верува дека овој ден треба да се помине во тишина вежбајќи ја својата дисциплина и слушајќи ги останатите што имаат да кажат. Во тишината да побараме прочистување на срцето, трпение и чекање, како и непоколебливост во верата, па Бог ќе ни даде сѐ во свое време онака и онолку колку ни е нужно за наше спасение.