Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот превој Плетвар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Ѓавато врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на Попова Шапка, планинскиот превој Стража и Страцин.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и како што соопштуваат, ги одржуваат сите патни правци проодни.