Ова масло содржи заситени масни киселини кои може да го зголемат нивото на „лошиот холестерол“, се наведува во насоките кои ги објави Американското здружение за срце (AHA) .

Кокосовото масло вообичаено се продава под ознаката за здрава храна и некои тврдат дека неговите масти се подобри од другите заситени масни киселини. Од AHA, меѓутоа, тврдат дека за тоа нема научни докази.

Животинските масти или лојот обично се сметаат за штетни по здравјето, додека растителните масла, како маслиновото и сончогледовото, се подобри опции. Теоријата се заснова на тоа колку содржат одредени видови маснотија, заситени масни киселини.

Консумирањето на храна богата со заситени масни киселини може да го зголеми нивото на „лошиот или LDL холестерол“ во крвта, што може да доведе до затнување на крвните садови и да го зголеми ризикот од мозочен и срцев удар.

kokosovo-ulje2

Според AHA, 82 отсто од мастите во кокосот ги прават заситените масни киселини. Тоа е повеќе отколку во путерот со 62 отсто, говедскиот лој со 50 проценти и свинската маст со 39 отсто.

Некои дека мислат дека комбинацијата од маснотии го прави кокосовото масло здраво, но експертите велат дека за тоа нема уверливи докази. Затоа советуваат да се ограничи внесувањето на заситените масни киселини, заменувајќи некои од нив со незаситени масла од растително потекло, како маслиновото и сончогледовото.