Околу еден часот по полноќ, во Тетово на ул.„Илинденска“ се случила сообраќајна незгода во која моторцикл „Хонда ЦРХ“ управуван од Бурим С.(21) од Тетово удрил во ПМВ „Рено Меган“ сопственост и паркирано  од  Д.Н.  од Тетово. 

Во незгодата со  тешки телесни повреди се здобил Бурим С., а со  телесни повреди се здобил и неговиот сопатник деветнаесет годишниот Е.Р. од Тетово. На двајцата им е укажана лекарска помош во КЦ-Тетово, при што од страна на доктор кај Бурим С. е констатирана смрт., додека Е.Р. по укажаната лекарска помош  е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршиле Заменик јавен обвинител, Истражен судија и увидна екипа од СВР-Тетово.

 

Image and video hosting by TinyPic