Штедењето овие денови е збор што често се слуша, но не е секој успешен во тоа. Кога ќе го прочитате овој текст ќе си помислите „Да го знаев ова, би заштедил куп пари“ !

Ова се 10 работи, кои повеќето ги прават погрешно, барем кога е во прашањето горивото во автомобил. Поеќето автомобилски стручњаци би се сложиле дека, ако се придржувате кон овие 10 заповеди, нема толку да ве боли по џепот.

1. Не полнете до врв!

Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно онолку гориво колку што може да собере во него. Нема потреба да ја стиската рачката уште два, три пати, за да ви биде резервоарот сигурно полн. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, па се џабе фрлени пари.

2. Добро затворете го капакот од резервоарот!

Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради лабавите и оштетени капаци годишно во воздухот испаруваат и до 540 милиони литри гориво, велат експерти. Затоа цврсто затворете го капачето.

3. Паркирајте во гаража!

Гаражата го држи возилото топло во зина, а ладно во лето. На тој начин нема да се троши гориво за грење на автомобилот, за да се стопи ледот од него, ниту ќе треба да се пали климата секогаш кога ќе седнете во возилот.

4. Паркирај во ладовина!

Кога се надвор високи температурите, најдобро е возилото да се тргне од Сонцето, зошто освен што го греем поради топлината испаруваат значителни количества од горивото.

5. Напумпај ги гумите!

Избалансирај ги гумите. Неизбалансираните гуми, кои имаат нееднаков, слаб притисок, побрзо се трошат и даваат поголем отпор, па моторот мора посилно да работи за да ја одржува саканата брзина. Гумите кои имаат слаб притисок придонесуваат потрошувачката на гориво да се зголеми за плус 15 отсто.

6. Еднаш месечно провери го притисокот во гумите

Притисокот во гумите треба да се измери кога тие се ладни. Идеално време е веднаш наутро, кога автомобилот бил во мирување, а гумите ладни.

7. Одржувај го моторот

Автомобилот кој не го поминал еко тестот или има истрошени и неисправни свеќички, може да троши и до 30 0тсто повеќе гориво.

8. Замени ги воздушните филтри

Внимавајте на воздушните филтри на моторот. Кога во нив ќе се насоберат лисја или друго чубре, треба да се сменат зошто го гушат моторот. Уредните филтир за воздух можат да ви заштедат и до 10 отсто гориво. Секојпат кога менувате масло треба да ги смените и воздушните филтри. Обично на секои три месеци.

9. Користи квалитетно масло

Доколку користите масло кое го препорачал произведувачот на автомобилот, може да заштедите 1 ила 2 отсто од горивото. На одредени е истакнато дека се енергетски ефикасни, зошто содржат супстанции кои спречуваат триење.

10. Не штедете на одржување

Автомобилот ќе работи оптимално, ако оптимално го одржувате.