Министерката за јавна администрација и локална самоуправа во Србија, Ана Брнабиќ денес објави дека во 2017 година ќе има бран на намалување на бројот на вработени во државните јавни претпријатија, кои сега изнесуваат 147.000 луѓе, и дека јавната администрација оваа година ќе се намали за околу 5.000 луѓе.

Нема да одиме на линеарно намалување, така се договориме со Министерството за финансии и ќе одредиме 6 групи на локални самоуправи. Статистички од минус три до плус три. Така што некои ќе можат да вработуваат во 2017 година. Таа додаде дека тоа ќе биде награда за нив, додека некои општини ќе мораат драстично да го намалат бројот на вработени.

Според нејзините зборови нема да има нагло отпуштање бидејќи тоа би можело да го загрози квалитетот на давање услуги на граѓаните.