Сто и педесет луѓе утре ќе учествуваат во традиционалното спуштање на крстот на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираше Скопската епархија.

Пријавувањето беше од 10-ти до 17 јануари.

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде утре напладне од мостот кај хотелот „Холидеј ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Претходно, во 9 часот, архиепископот г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а потоа богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде што ќе се одржи традиционалната верска манифестација.