Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално и без забрани, по суви и чисти коловози.

Поради постојана можност за појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите, се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија – Удово.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М -1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Image and video hosting by TinyPic