Иако кралицата Елизабета втора иако наполни 91 година таа изгледа одлично, а медиумите за нејзината топ форма ја открија и можната тајна.

Имено кралицата во моментов на своја 91 година изгледа одлично и потполно здраво, а причината за тоа се наоѓа во нејзината исхрана.

Медиумите неодамна открија што јаде во текот на денот кралицата за да биде во одлична форма.

Појадок:

Кралицата за појадок секогаш јаде корнфлекс, а според многумина тоа е храна само за деца, но не и за 91 годишна жена, а освен тоа таа јаде и овошје или кајгана со лосос.

Ручек:

Поранешниот шеф на кралската кујна Овен Ходжсон открива дека кралицата често јаде печурки и сендвичи со туна со свежа краставица и пиперка.

Вечера:

Кралицата често за вечера јаде риба со салата, додека за десерт обожава чоколадо, а често сака и да пие чај додека јаде чоколаден колач.

Според зборовите на поранешниот шеф во кујната на кралицата таа обожава да јаде, а често ги избегнува компирите, тестенините и оризот.