Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американската медиумска куќа Си-ен-ен создава „лажни вести“.

- Бидете тивки, нема да ви дозволам да поставите прашање, вие сте лажни вести - рече Трам на својата прва прес-конференција, одбегнувајќи притоа да одговори на новинарско прашање на репортер од Си-ен-ен околу руското хакирање но и за тоа дали Трамп изјанмил повеќе проститутки за негова забава во минатото.

Поголем дел од прашањата на прес конференцијата како избран претседател на САД од новинарите беа фокусирани на Русија и на извештаите за разознавачки информации за наводното мешање на Москва во изборите во Америка.

Инаку прес-конференцијата ја отпочна неговиот портпарол, Шон Спајсер, критикувајќи го ловот на „политички вештерки по информациите дека руки оперативци тврдат дека имаат компромитирачки лични и финансиски информации за Трамп.