Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека компанијата „Амазон“ се служи со валкани трикови и дека избегнува да плаќа порези, па затоа решил да ѝ застане на патот. Меѓутоа, постојат и други причини зошто Трамп се усмерил кон „Амазон“, а не на некој друг технолошки гигант. Главната причина е шефот на „Амазон“, Џеф Безос.

Како што пишува „Блумеранг“, Трамп го мрази Безос, биддејќи најбогатиот човек на планетата, е сопственик и на „Вашингтон пост“, кој е многу критички настроен кон американскиот претседател.

Но, тоа не е се.

Džef Bezos

Безос е многу попочитува и повлијателен бизнисмен од Трамп и секако многу побогат. Безос не мора да ги крие своите финансии за да го одржува впечатокот на богаташ.

Најголема разлика помеѓу нив двајца е тоа што Безос практиува самодоверба која не мора да се докаже. Трамп е чиста спротивност. Тој практикува несигурност. Во неговиот свет може да има само еден победник и тој мора на сите да им докаже дека е победник.