Руски Зенит е предаден на Дисциплинската комисија на УЕФА поради транспарентите со политичка содржина на синоќешниот натпревар против Вардар во Санкт Петербург од Лигата на Европа, објави Екипа.мк

Навивачите на Зенит на мечот се појавија со транспарент со поддршка за поранешниот српски генерал на војската на Југославија, Ратко Младиќ кој беше осуден со доживотна робија за воени злосторства во БиХ. „Ратко Младиќ – херој на Србија!“ – е спорниот транспарент забележан од делегатот на натпреварот поради кој е покрената дисциплинска постапка.

Вчера и навивачите на Партизан, „Гробарите“ на мечот со швајцарски Јанг Бојс се појавија со транспарент за поддршка на Младиќ, но во нешто прикриена форма поради молбите од раководството на Партизан да не се истакнуваат спорни транспаренти.

„Нека е благодарам на твојата мајка“ – напишаа „Гробарите“ очигледно насочувајќи ја благодарноста кон Ратко Младиќ.