Урбан Инвесткако општествено одговорна компанија оваа година повторно со донација. Овој пат беа донирани точаци, тротинети и училишни прибори наменети за децата од СОС детското село во износ од 123.000 денари.

Урбан Инвест  е компанија која верува дека носат значаен дел од одговорноста за општествениот просперитет и прогрес. Со оваа донација се чекор поблиску до остварување на својата цел за подобрување на социјалнта димензија и околината во која што живееме.

„Како одговорен и активен учесник во општеството, се трудиме да ги вклучиме нашите вработени, купувачи, добавувачи и бизнис партнери во најразлични иницијативи и програми кои придонесуваат за развој на Македонското општество. Делата говорат погласно од зборовите, а преку етиката и естетиката на нашето работење, настојуваме да ја оствариме позицијата на достоен член на нашата заедница.“ изјави г. Јован Грков- Генерален директор на Урбан Инвест.

Компанијата Урбан Инвест, основана во 1990 год., е најголемиот производител на Павер елементи и Terastone плочки во Македонија и Балканот. Од самиот почеток во 1990 година, па се до денес, Урбан Инвест, преку својата диверзифицирана производствена програма, високо едуциран кадар, новата софистицирана технологија и високо развиениот еколошки и социјален бизнис пристап, стана еден од главните учесници во индустријата за градежни материјали во Македонијаи пошироко.