Според календарот на МПЦ , кој се води по стар стил , денеска е 10-ти октомври , ден посветен на Светиот маченик Калистрат.

Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Пилат Понтиски во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така по време и Св. Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои од неговите другари го видоа Свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните. За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Клаистрат веднаш се откажа. Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето. Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Клаистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат. Во затворот Св. Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив. Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија Св. Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304 година. Врз нивните мошти подоцна е подигната црква.

Овој ден се зема и за слава како завет или благодарност за избавување од несреќи или тешки болести, бидејќи бројни верници сведочат за чудата кои им се случувале по молитвата на овој светец.

Затоа утре треба да се отиде во црква ида се помоли токму на Свети Калистрат, доколку имате болен во семејството или познавате таков, за здравје и долг живот