Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама и понатаму привлекува големо внимание во јавноста.

И овој викенд сите очи беа вперени во неа, додека слободното време го минуваше на плажа во Мајами со својата 19-годишна ќерка Малија. Мишел ги сврте кон себе погледите на плажата не само заради обезбедувањето што постојано ја следи, туку и со изборот на гардеробата – комбинацијата од скинати куси бели панталони и бела кошула врз белото бикини.