Околу 440.000 домаќинства и компании од Вирџинија до Масачусетс се уште се без струја откако силна бура минатата недела го погоди Источниот брег на САД.

Во државата Њујорк без струја се 123.000 потрошувачи, во Пенсилванија 114.000, и 72.000 во Њу Џерси.

Струја немаат и околу 70.000 потрошувачи во јужниот дел на Нова Англија.

Екипите на електродистрибуција работат без прекин со цел во погодените области повторно да се воспостави снабдување со електрична енергија.

Американските медиуми потсетуваат дека при најсилниот удар на бурата без струја останаа повеќе од два милиони домаќинства и фирми.

Во овој регион од утре се очекува ново невреме со бура и со уште повеќе снежни врнежи.