Федералната служба за обезбедување (ФСО) е најтајната специјална организација во Русија, позатворена дури и од ФСБ.

Оваа моќна служба има задача да го заштитува рускиот претседател Владимир Путин. ФСО е до таа мера затворена што сите информации за оваа група се базираат на претпоставки.

На јавноста не ѝ се соопштени никакви информации за операциите на ФСО, а она што се знае од пишувањата на медиумите е дека има околу 50.000 униформирани припадници, како неколку илјади од оние кои работат во длабока тајност. Покрај тоа, тие ја контролираат актовката во која се наоѓа контролата за нуклераното оружје на Русија.

Рускиот весник „Новаја газета“ пишувал дека ФСО има барем двајца двојници на Путин, кои се користат за егзибиции како што се пловидба со мини подморница по поморско дно, пилотирање авиони и слични активности опасни  по живот.

Идентитетот на овие претставници е во строга тајност, иако руските медиуми пишуваат дека на припадниците понекогаш им „излетува“ да објават фотографија на социјалните мрежи од некаква важни случувања на кои го следат Путин.