Голем број училишта во американската сојузна држава Оклахома денеска се затворени поради штрајк на наставниците кој трае веќе втор ден со барање за зголемување на платите во рамките на бунтот кој ги погоди сојузните држави под власт на републиканците.

Се наведува дека гувернерката на Оклахома минатата недела потпишала документ со кој на наставниците им се зголемуваат платите за 15 до 18 отсто, но дел од наставниците, на кои платите не им се зголемени во последните десет години не се задоволни и и излегоа на улица.

„Да не работам уште една работа, ќе живеев од бонови за храна илиќе немав за јадење“, вели Ре Ловлес, самохрана мајка и учителка во основно училиште на северозападна Оклахома.

Оваа сојузна држава, пред последното зголемување на платите, беше 49-та по висина на наставничките плати во САД, со просечна годишна заработка од 45.276 долари.

Во февруари со истите барања за повисоки плати штрајкуваа и наставниците во Западна Вирџинија.