Македонските репрезентативци во дресот на ракометниот клуб на Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски беа дел од најновото новогодишно видео наменето до фановите.

Гигантот Барселона во пресрет на новогодишните празници и Божиќ ги собра на едно место сите спортистите од ракометниот клуб, а секако огромна чест во видеото е да ги видиме и двајцата македонци Кире Лазаров и Борко Ристовски токму во дресот на Барселона.