Безбедностната веб-камера го фатила моментот кога избива поар, еден од најлошите и најпогубните поари во трговскиот центар во рускиот град Кемерово, кога загинале најмалку 64 лица, од кои 26 деца. Истовремено истрагата утврдила дека чуварот во трговскиот центар го исклучил системот за предупредување од пожари, а излезите во случај на пожар биле блоирани, соопштиле руските државни истражувачи.

Ова видео ја поддржува првата верзија за пожарот, дека дете со запалка заплило трамболина. Истрагата уште не е готова, па не е соопштена ниту вистинската причина. Погледнете: