При рушење на силос во Данска дошло до голема грешка и кула се срушила на погрешна страна и ја здробила соседната зграда.

Напуштена кула со висина од околу 53 метри во данскиот град Вординборг се срушила во спротивен правец од планираниот и го уништил културниот центар во близина и библиотека.

За среќа, никој не е повреден.

Силосот требало да падне на исчистената страна наменета за рушење, но по грешка паднал врз соседната зграда. За рушење на кулата потрошени се 10 килограми експлозив, а подготовките траеле 6 месеци.

Покрената е истрага за инцидентот.