Играчот на Чапокоензе Алан Рушел, кој ја преживеа авионската несреќа, најверојатно ќе може да ја продолжи својата фудбалска кариера. Тој вчера прв пат се појави на теренот на тимот кој остана скоро без сите свои фудбалери во авионската несреќа во Колумбија.

На трибините го дочекаа голем број навивачи, а на Алан, по целата трагедија и траума која ја доживеа, многу малку му фалело да заплаче. Сепак, пред неколку дена кога на прес конференција говореше за тоа како преживеал, не можеше да ги задржи солзите раскажувајќи дека промена на седиштата во авионот му го спасила животот.

Тој на теренот беше во друштво на уште еден од своите соиграчи, Деалесандро, кој не отпатувал на кобнотот гостување, а уште еден радосен факт за оваа екипа е тоа што веќе го почнале обновувањето на тимот и ангажирале четири бразилски фудбалери за следната сезона.