Бразилските фудбалски ѕвезди Нејмар и Робињо организираа хуманитарен фудбалски натпревар за Чапекоензе, клубот кој во трагична авионска несреќа остана без речиси целиот тим.

„Нејмар и пријателите“ славеа против „Робињо и пријателите“ со 13:9, а по мечот најчесто се спомнувал дуелот помеѓу Нејмар и поранешниот бразилски репрезентативец Фред.

Нејмар мечот го започна од клупата за резервии, а по влегувањето во игра си поигрувал со противниците. Фред кој бил во другиот тим се обидел да го замоли да престане со дриблинзите, дури паднал пред него на коленици молејќи го да не го посрамоти.