Невреме ја погоди и Хрватска, каде војската се бори со најдојдената река Сава, чиј водостој е на рекордно високо ниво. Властите соопштија дека водостојот кај Јасеновац е за 10 сантиметри повисок од кога и да е досега. Десетина куќи се отсечени од светот, откако нивните жители одбија да се евакуираат, а спасувачите со чамци им доставуваат вода и храна. Но, најлошото не помина. Експертите очекуваат дека нивото на реката Сава и во следните денови ќе се зголемува.

Драматично е во Лекеник каде се слушаат сирените од итните екипи. Како што информираат тамошните медиуми реката непрестано расте и во моментов достигна 960 сантиметри. Прогласена е и вонредна состојба. На терените има стотина пожарникари, а пристигнува и војската.